Вечерва во ЛН: Србите на гости кај Данците, а европскиот првак кај Швајцарците

104
ФОТО: Twitter/Selección Española Masculina de Fútbol

Вечерва се играат натпревари од второто коло во Лигата на нациите. По херојското реми со Шпанија, српската репрезентација денеска ќе игра во Копенхаген против Данска која во првото коло ја совлада Швајцарија. А во истата група Швајцарија во Женева е домаќин на европскиот шампион Шпанија.

Србите одиграа без голови со Шпанија и со голема самодоверба одат во Копенхаген, а истото може да се каже и за Данска која славеше над Швајцарците. Тоа ќе биде интересен меч во кој, според обложувалниците, Данска е фаворит.

А Швајцарија и Шпанија последен пат играа во септември 2022 година во Лигата на нациите. Тогаш во Сарагоса беше 2:1 за Швајцарија. Сепак, многу работи се сменети во шпанскиот национален тим од тој меч, од селекторот, па до играчите, сега „фуријата“ доаѓа со европската титула во раце но исто така се шампиони од последното издание на Лигата на нациите – во јуни 2023 година ја победија Хрватска во финалето. Шпанците исто така немаат пораз од јуни 2023 па до сега.

Швајцарците за овој меч ќе ги немаат Нико Елведи и Гранит Џака кои се суспендирани (добија црвени картони против Данска).
Шпанците најверојатно ќе бидат без Дани Олмо кој е повреден.

ЛИГА НА НАЦИИ
НАТПРЕВАРИ ЗА НЕДЕЛА (8.09.2024)
ЛИГА А
ДАНСКА – СРБИЈА 18:00 ч.
ШВАЈЦАРИЈА – ШПАНИЈА 20:45 ч.
ХРВАТСКА – ПОЛСКА 20:45 ч.
ПОРТУГАЛИЈА – ШКОТСКА 20:45 ч.
ЛИГА Ц
ЛУКСЕМБУРГ – БЕЛОРУСИЈА 15:00 ч.
БУГАРИЈА – С.ИРСКА 18:00 ч.
СЛОВАЧКА – АЗЕРБЕЈЏАН 18:00 ч.
ШВЕДСКА – ЕСТОНИЈА 20:45 ч.
ЛИГА Д
ГИБРАЛТАР – ЛИХТЕНШТАЈН 18:00 ч.

ПретходноНекои навики остануваат – англискиот селектор ја згреши клупата, седна кај Ирците (видео)
СледноГолчиште на Ристовски против Чукарички