Одличен настап со пет освоени медали за нашите младински репрезентативци во таеквондо на силниот меѓународен Е2 турнир во Белград. Според информацијата, Теодор Стојановски (ТК Бутел)освои златен медал во категорија кадети со три победи над натпреварувачи од Израел, Бугарија и Украина.
Сребрен медал освои Филип Блажевски (ТК Бутел) во категорија јуниори со две победи над Словенија и Хрватска. Андреј Василевски (ТК Бутел), Христијан Симоновски (ТК Младост) и Ведрана Тунески (ТК Бутел) на крајот се вратија со освоени бронзени медали.
Младинскиот репрезентативен тим беше предводен од помошник селекторот Викторија Спасовска.