Фудбалскиот сојуз на Косово суспендираше три ѕвезди на својата репрезентација поради кршење на дисциплината. Косово беше поразено од Романија со 3:0 во првото коло на Лигата на нациите, а во пресрет на вториот меч против Кипар, селекторот Франко Фода ги „исфрли“ од националниот тим Аријанет Муриќ, Флорент Муслиу и Едон Жегрова.
„Со заедничка одлука со селекторот Франко Фода и националниот сојуз, тројцата фудбалери ја напуштија репрезентацијата поради кршење на дисциплината и правилата кои претходно ги утврдија селекторот и Сојузот. За мерките кон играчите ќе одлучува Сојузот“, стои во соопштението на Сојузот на Косово.
Муриќ и Жегрова беа стартери за Косово против Романија на „Фадил Вокри“, а Муслиу влезе во второто полувреме.