Баерн не се откажува од својата легенда: Нов договор за Милер!

118

Живата легенда на Баерн Минхен, Томас Милер, ќе добие предлог за нов договор од клубот, тврди новинарот Екрем Конур. Шефовите на баварскиот клуб ја сметаат лидерската улога на Милер клучна за натамошно зацврстување на тимот.

Актуелниот договор на сега веќе екс-германскиот репрезентативец е до следното лето, но тој е подготвен да го продолжи. На 1 септември, Милер го одигра својот 710-ти натпревар за Баерн, престигнувајќи го Сеп Мајер и стана играч со најмногу настапи на клубот.

Милер, кој на 13 септември ќе наполни 35 години, за Баварците има 286 гола и 274 асистенции.

ПретходноНишто од кам-бекот: Нејмар не ги минал лекарските тестови
СледноКејн: Меси, Роналдо и Модриќ се моја инспирација