Репрезентацијата на Франција е раздрмана. Првпат по 12 години националниот тим доживеа два порази по ред и атмосферата не е на ниво. По елиминацијата од ЕП, на стартот на Лигата на нациите сред Париз загуби од Италија со 3:1.
Угледниот француски весник „Л’Екип“ открива дека по мечот се спречкале некои играчи во репрезентацијата. Наводно, на голманот Мајк Мањан му прекипело и им се изнавикал на најголемите ѕвезди во тимот – Килијан Мбапе и Антоан Гризман.
Пред сите ги обвини двете ѕвезди дека се трудат во клубодите, а кне и кога се во репрезентацијата и дека не се вистински пример за младите соиграчи во националниот тим. Интересно, додека Мањан ги критикувал двајцата, целата екипа молчела.
Дома Меѓународен фудбал ЕП/СП Бурно во соблекувалната на Франција: Голманот жестоко ги нападнал Мбапе и Гризман