0
39-годишниот германски судија Харм Осмерс ќе биде главен судија на вториот натпревар на нашата фудбалска репрезентација во Лигата на нации, во вторник во Скопје против Ерменија.
Во Скопје заедно со Осмерс доаѓаат и неговите асистенти Доминик Шал и Стефан Луп. И првиот судија во ВАР собата ќе биде Германец, Серен Сторкс.
Инаку Осмерс е со знакот на ФИФА од 2020 година.