Она што се најавуваше, се чини дека е пред реализација, ако не е веќе и реализирано. А тоа е дека Жозе Мурињо ќе добие екстра засилување и тоа во името на Филип Костиќ. Имено гигантот од Босфорот и Јувентус успеале да се договорат за позајмица на српскиот фудбалер па така Мурињо ќе добие уште едно големо засилување во својот состав, се со цел да се нападне титулата во Суперлигата во Турција, и тоа во конкуренција на Галатасарај и Бешикташ.
Инаку Костиќ во прво време се најавуваше дека ќе се пресели во Галатасарај, сепак во таа битка за него се чини дека Фенер беше побрз и поактивен.
Оваа вест денеска ја потврди и фамозниот Фабрицио Романо.