Евертон размислува да го врати Дејвид Мојс

134

Англискиот премиерлигаш Евертон размислува да му врачи отказ на Шон Дајч и да го ангажира Дејвид Мојс. Според англиските медиуми Мојс е слободен откако го напушти Вест Хем во текот на летото, а разговорал со раководните луѓе на Евертон заедно со екс-тренерот на Челзи и Брајтон, Грем Потер.
Мојс пред 11 години го напушти „Гудисон парк“ за да биде тренер на Манчестер Јунајтед каде што не се прослави, а исто беше и во Сосиедад и во Сандерленд. Последен клуб му беше Вест Хем со кого ја освои Лигата на конференции, но по завршувањето на минатата сезона си замина откако не ги повтори резултатите од претходната сезона.

 

ПретходноВлаховиќ го престигна Лаутаро: Србинот е најплатен фудбалер во Серија А
СледноСтив Брус конечно најде работа по речиси две години пауза