Напаѓачот на Баерн (М), Хари Кејн зборуваше за играчите кои го инспирираат во модерниот фудбал.
„Кога ги гледам Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Лионел Меси, кои играат на возраст од 35-40 години, тоа ме инспирира бидејќи покажува дека може да играте на високо ниво долго време. Сакам да играм фудбал на највисоко ниво што е можно подолго. Овие играчи ги гледам како извор на мотивација и инспирација за ова. Чувствувам дека сум во добра психолошка и физичка состојба за да имам уште една одлична сезона и се надевам дека тоа ќе продолжи уште многу години“, изјави Кејн.
Оваа сезона напаѓачот има еден гол и една асистенција на два натпревари во Бундеслигата.