Како што јавуваат медиумите во Италија, легендарниот Салваторе Тото Скилачи, вечерва бил итно пренесен во болница, односно хоспитализиран. Неговата здраствена состојба била сериозна. Оваа вбест ја потврдиле и членовите на неговото семејство.
Инаку познато е деке некогашниот италијански напаѓач, кој се прослави на СП 1990 во Италија, кога и беше најдобар стрелец, веќе извесно време имаше проблеми со најтешката болест.
Се говореше дека сепак успеал да ја победи болеста, но се чини дека сепак не било така. Тој вечерва е примен во одделот за пневмологија.