Насер Ал – Келаифи го “пецна“ Мбапе: Сега ѕвездата на ПСЖ не е било кој играч, туку целиот тим!

2224

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал – Келаифи во интервју за “Марка“ не заборави да го “пецне“ Килијан Мбапе, уште повеќе ако се знае дека тимот од Париз има фантастичен старт во новата сезона.

Се разбира дека тој говореше за ерата после Килијан Мбапе, кој ова лето се пресели во Реал Мадрид.

Многу сум горд на фантастичната трансформација во ПСЖ, базирана на младоста, талентот во тимот. Сега ѕвездата на ПСЖ не е било кој играч, туку цеиот тим и тоа благодарение на спортскиот советник Луис Кампос и тренерот Луис Енрике. И двајцата ми велат дека сега во тимот има фантастична атмосфера, позитивен дух и неверојатен ентузијазам“ рече покрај другото Насер Ал – Келаифи.

Инаку за две години од ПСЖ си заминаа Меси, Нејмар, Мбапе, Рамос, но уште многу други големи ѕвезди на светскиот фудбал.

ПретходноВедран Ќосевски: Се вратив во Струга ТЛ зошто овој клуб го чувствувам како дел од моето семејство!
СледноУС Опен: Сабаленка е кралица на Њујорк