Некои навики остануваат – англискиот селектор ја згреши клупата, седна кај Ирците (видео)

741

Ли Карсли е на кормилото на Англија како привремен селектор, а тој го предводеше „Гордиот Албион“ до триумф над Република Ирска во Даблин. При влегувањето на теренот, Карсли се занесе и седна на клупата на Република Ирска, па му беше посочено дека клупата на Англија е на другата страна, па тој стана и се премести.

Се чини дека некои навики остануваат. Карсли, иако е роден во Бирмингем, Англија и цела кариера играл за англиски клубови, сепак, тој бил младински и сениорски репрезентативец на Ирска.
Од 1997 па до 2008 година запишал 40 натпревари за Ирска.

Карсли беше искритикуван дека не ја пее химната на Англија пред почетокот на мечот со Ирска, а тој кажа дека ни како играч не ја пеел ирската, а сега нема ни англиската.
„Го почитувам мислењето на другите луѓе. Но никогаш не сум пеел химна. Ги респектирам и англиската и ирската химна“, изјави Карсли.

ПретходноБурно во соблекувалната на Франција: Голманот жестоко ги нападнал Мбапе и Гризман
СледноВечерва во ЛН: Србите на гости кај Данците, а европскиот првак кај Швајцарците