Ништо од кам-бекот: Нејмар не ги минал лекарските тестови

1471

Некогаш супер-ѕвездата на светскиот фудбал, 32-годишниот крилен напаѓач на Ал Хилал и на бразилската репрезентација, Нејмар, кој од минатата есен се опоравува од повредата на вкрстените лигаменти, не ги поминал потребните медицински и физички тестови. Поради тоа ќе му треба повеќе време за опоравување, пред да се врати на терените.

Бразилскиот фудбалер се пресели во саудискиот клуб во летото 2023 година. Во овој период на сите турнири учествуваше на пет натпревари на кои постигна еден гол и три асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот трае до летото 2025 година.

ПретходноБорче Костовски ја доби наградата за животно дело „8 Септември“
СледноБаерн не се откажува од својата легенда: Нов договор за Милер!