Јаник Синер е победник на УС Опен 2024, еден од најголемите турнири вио светот, еден од најважните грен-сломови. Италијанецот беше во допинг – скандалот пред турнирот во Њујорк, но ете успеа да слави и тоа со победа над Американецот Тејлор Фриц со 3:0 во сетови.
Јаник Синер кој е бр.1 на АТП листата во големото финале, пред преполните трибини, едноставно беше подобар од домашниот тенисер, со што ги растажи фановите кои мислеа дека сепак Фриц ќе дојде до победата во ова финале кое траеше само два часа.
Првиот и вториот сет Синер беше убедлив и ги доби со 6:3 и 6:4 во гемови. Во третиот сет Фриц имаше шанса да го добие и финалето да го направи поинтересно, водеше со 3:5 во гемови, но не успеа. Италијанецот го доби и овој сет со 7:5 и со тоа дојде до конечна победа и со пехар на грен-слемот во Њујорк.