Англискиот тренер Стив Брус по две години повторно е менаџер. Тој е назначен за тренер на Блекпул, клубот кој се натпреварува во Лига 1, третата по ранг во Англија. Клубот од истоимениот приморски туристички град го смени Нил Критчли по само два натпревари во новата сезона, па изборот падна на Брус кој беше без работа уште од октомври 2022 година кога доби отказ од ВБА.
Тој е еден од најискусните англиски тренери во моментов, затоа што работеше две сезони во Њукасл, претходно во Шефилд Венздеј, Астон Вила, Хал Сити, Сандерленд, Виган, Бирмингем, Кристал Палас, Хадерсфилд, Шефилд Јунајтед.