Напаѓачот Винсент Абубакар повторно го напушти Бешикташ, а овојпат ќе остане во Турција и ќе игра за друг клуб од Суперлигата. Нигериецот во сезоната 2016/17 играше како позајмен и потоа се врати во Порто, а во сезоната 2020/21 повторно беше дел од Бешикташ за потоа да премине во Ал Наср од Саудиска Арабија. Зимата 2023 година се врати во Бешикташ , а сега пак ги напушта „орлите“ и отиде во Хатајспор.
Со новиот клуб потпиша едногодишен договор и ќе биде платен 1 милион евра.
Минатата сезона Абубакар во 34 меча постигна 12 голови.