Дани Олмо: Далиќ ме викаше да играм за Хрватска

293

Дани Олмо, новата ѕвезда на Барселона и на шпанската фудбалска репрезентација својата фудбалска афирмација ја доживеа во Динамо Загреб. Од таму се вивна во фудбалските височини, прво во РБ Лајпциг па сега во Барселона. Олмо во разговор за „DAZN“ откри дека бил повикан во репрезентација на Хрватска.
Златко Далиќ го повикал за СП во Русија, тогаш Олмо доминираше во Динамо, меѓутоа го одбил повикот затоа што чекал повик од Шпанија.
Тогаш бев најдобар играч во Хрватската лига, а шпанската репрезентација не ме викаше. Но реков дека не сакам да играм за Хрватска затоа што мојот сон беше да играм за Шпанија. Среќен сум што на крајот тоа ми се оствари“, изјави Олмо кој летово со Шпанија стана Европски шампион.

ПретходноНадежите тренираа во Гибралтар, под прашалник се Алиевски и Тодоровски
СледноБурно во соблекувалната на Франција: Голманот жестоко ги нападнал Мбапе и Гризман