Лазаров по победата над Вардар: Горд сум на моите играчи!

840

РК Алкалоид вечерва во дербито во нашата ракометна елитна лига, уште во 1.коло, успеа да го победи Вардар со 33:29. Одлична, маестрална партија на момците на Кирил Лазаров кои и овојпат, по триумфот во Суперкупот пред неколку дена, покажаа дека се кадарни во оваа сезона да одат и по највисок пласман.

Се разбира дека по победата во дербито, тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров беше задоволен, но како и секогаш говореше со респект за ривалите:

Горд сум на моите играчи за тоа што го направија. Не е лесно, јас никогаш не сум ласкал некому ако тоа не го заслужува. И Пелистер и Вардар имаат одлични, квалитетни екипи и нема да биде лесно. И двете екипи ќе прават проблеми на големите во европските натпревари. Да, горд сум, покажавме зрелост. Веројатно сме во подобра форма во моментов и од Пелистер и од Вардар. Битолчани одиграа многу натпревари во текот на погодотовките, а Вардар имаше луфта од две недели и не беше во ритам. Ние тоа го искористивме, тоа беше нашата предност. Имавм залет по освојувањето на Суперкупот, а и вечерва се покажавме во одлично издание“ изјави стратегот на Алкалоид.

ПретходноЛегендарниот Скилачи вечерва итно хоспитализиран!
СледноОд допинг – скандал до трофеј: Јаник Синер го освои УС Опен!