Маркез маестрален на дождливата трка во Сан Марино

160

Две победи по ред на Марк Маркез. По триумфот во Арагон, оваа недела осумкратниот светски шампион триумфираше и на Гран при на Сан Марино.
Со повеќе од три секунди пред бранителот на победата на „Мицано“ во Сан Марино и првата ѕвезда на фабричкиот Дукати, Франческо Бањаја.
Маркез со овие две победи по ред се вклучи и во борбата за шампионската титула. А минатата недела во Арагона славеше по 1043 денови.

Третото место на дождливата трка му припадна на клупскиот колега на Бањаја, Енеа Бастијанини.
А откако вчера славеше во спринт трката, Шпанецот Хорхе Мартин на Прамак Дукати денеска од втората позиција направи грешка, го смени моторот со пневматици за дожд и потоа никако не можеше се врати во борба за првите три позиции, се врати на првичниот мотоцикл и не успеа подобро од 15. позиција и само еден бод.

Мартин на чело на генералниот пласман има седум бодови повеќче од Бањаја, а 53 од Макрез, а 63 повеќе од Бастијанини.

ПретходноФС на Косово суспендираше три ѕвезди на репрезентацијата
СледноВлаховиќ го престигна Лаутаро: Србинот е најплатен фудбалер во Серија А