Момците на Лазаров не запираат: Алкалоид го „тресна“ и Вардар (ФОТО)

428

Дербито на првото коло во Супер-лигата му припадна на Алкалоид кој го совлада Вардар со 33-30. По Супер-Купот по триумфот над Пелистер, момците на Кирил Лазаров го му зедоа скалпот на вториот фаворит за титулата. Ракометарите на Алкалоид сосема заслужено се радуваа, уште еднаш одиграа одлично.

Серафимов и Митев постигнаа по осум гола кај победникот, Галевски имаше седум одбрани, една од нив од седум метри. На другата страна Лазаревски постигна шест погодоци.

Гостите поведоа на почетокот на мечот со 1-2. Но токму од овој момент Алкалоид наметна свое темпо и го превзема водството. Избраниците на Кирил Лазаров во 12-та минута имаа плус три (8-5), од осмуте гола четири беа дело на Марко Митев. Вардар успеа да израмни во 16-та минута на 9-9, но домаќинот успеваше да одржува минимална позитива се до 28-та минута кога „црвено-црните“ со головите на Лазаревски и Маргели на кратко го вратија водството 15-16. Алкалоид врати со 3-1 за 18-17 на одморот и најава за интересни 30 минути.

Жестока битка видовме и на стартот на второто полувреме. Се играше гол за гол, со тоа што минималната позитива ја имаше Алкалоид, кој во 41-та минута со головите на Костески и Ѓоргиев дојде на плус четири (25-21). Недановски во меѓувреме повика тајм-аут, неговите момци беа хаотични и во напад и во одбрана.

По новите плус четири (26-22), Крсманчиќ и Танкоски намалија на 26-24 на средината на второто полувреме. Одбрана на Галевски, а потоа реализација на Симоноски и Ѓоргиев донесоа нови 28-24, пропуштија шанса за плус пет.

Следеше период во кој двата тима грешеа. Алкалоид напаѓаше за нови четири, Вардар не користеше шанса за минус два. Костески го реализираше третиот седмерец за 30-26 во 53-та минута.

Алкалоид не успеа да реализира еден напад по голот на Танкоски, Георгиевски го доближи својот тим на 30-28 во 24-та минута. Вардра притискаше, Серафимов постигна важен гол за 32-29 на три и пол минути до крајот кога Алкалоид беше со играч помалку, а веднаш потоа младиот Галевски запиша важна одбрана. Лазаров повика тајм-аут, Митев стави точка за 33-29 на минута и пол. Иако на момент ги фати паника, сепак Вардар немаше време за сензација.

ПретходноСедум одбрани на Томовски во своето деби за Потсдам во Бундес – лигата!
СледноБорко Ристовски на трибините во Автокоманда – го гледаше поразот на „неговиот“ Вардар од Лазаров!