Ристовска и Рапид со победа на стартот во Лигата на Шампионите!

155

Сара Ристовска и нејзиниот Рапид Букурешт имаа успешен старт во женската ракометна Лига на Шампионите. Ромамскиот тим како домаќин славеше со 32:27 против Будуќност. Македонската репрезентативка немаше голема минутажа на оваа средба, па затоа и успеа да постигне само еден гол и тоа во финишот на средбата.

Инаку познато е дека Ристовска ова лето напраи трансфер од ЦСКА Москва во Рапид Букурешт, а една од причините беше токму таа, да игра во силен тим во Лигата на Шампионите.

Што се однесува до самиот натпревар гостинките од Црна Гора во првото полувреме добро се “држеа“, на пауза заминаа со резултатски егал од 15:15, сепак во втоторото полувреме дојде до израз квалитетот на тимот на Ристовска кој славеше сосема заслужено.

ПретходноСтив Брус конечно најде работа по речиси две години пауза
СледноАбубакар трет пат го напушти Бешикташ и ќе игра за друг турски клуб