Мартин Томовски имаше солиден деби настап за својот Потсдам на стартот во ракометната Бундеслига. Сепак ни тоа не беше доволно тој и неговиот тим да се радуваат на победа на свој терен против составот на Битигхајм. Пораз на Потсдам од 26:28. Треба да се каже дека Македонецот имаше седум одбрани на првиот меч за германскиот клуб во првото коло во новата сезона во најсилната лига во светот.
Шест имаше во првото полувреме и само една во продолжение од оваа средба.
Инаку Томовски ова лето направи трансфер од Вардар во Потсдам, со што по неколку сезони повторно се врати во Бундес-лигата.