УС Опен: Сабаленка е кралица на Њујорк

135

Арина Сабаленка е новата освојувачка на УС Опен. Белорусинката стигна до својата трета Грен слем титула, прва што не е освоена на Австралија Опен, откако ја совлада Американката Џесика Пегула со 7:5, 7:5.

Ова беше судир на две тенисерки кои беа во убедливо најдобрата форма на американската турнеја. Во текот на мечот беа забележани големи осцилации, се добиваа гемови во серија, но кога беше најважно Белорусинката беше похрабра и попрецизна.

„Се сеќавам на сите тешки порази во последните години. И лесно е да се каже, но не можете да се откажете – мора да продолжите да сонувате и да продолжите да работите. Ако работите и жртвувате сè за вашиот сон, тогаш еден ден ќе го реализирате. Многу сум горда на себе. Никогаш не го кажувам тоа. Но, јас сум многу горда“, изјави по победата Сабаленка.

ПретходноНасер Ал – Келаифи го “пецна“ Мбапе: Сега ѕвездата на ПСЖ не е било кој играч, туку целиот тим!
СледноБорче Костовски ја доби наградата за животно дело „8 Септември“