Зидан објасни зошто не сака да работи во Манчестер Јунајтед

2669

Францускиот тренер Зинедин Зидан е еден од кандидатите за наследник на Ерик тен Хаг на клупата на Манчестер Јунајтед. Сепак, Французинот, како и претходно, не сака да работи во овој клуб.

Зидан е без работа откако по втор пат го напушти Реал Мадрид во 2021 година, а неговото име се поврзуваше со клубот од „Олд Трафорд“ уште пред да дојде Тен Хаг, а истото е и сега, но трофејниот тренер не сака да ги превземе „црвените ѓаволи“.
Јас на клупата на Манчестер Јунајтед? Разбирам англиски јазик, но не го зборувам течно. Знам тренери кои одат во клубови без да го зборуваат јазикот на државата, но јас не работам така. Јас работам поинаку. Многу елементи треба да се поклопат за да се оформи победнички тим. Јас знам што треба“, изјави Зидан за „Л’Екип“.

ПретходноРоглиќ ја освои четвртата титула на Вуелта
СледноВечерва во ЛН: Вниманието e на мечот Франција – Белгија