Ненад Димитријевиќ: Играњето во Евролигата за мене е остварување на сонот!

461

Нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ ова лето направи трансфер од Уникс Казан во Олимпија Милано. Со тоа Нено сега за првпат во својата кариера ќе игра во најсилната лига во Европа, а тоа е Евролигата.

Тој денеска даде мега – интервју за клупскиот сајт на неговиот нов клуб каде говореше на многу теми.

Сепак најинтересно беше тоа што кажа дека доаѓањето во тимот од Милано за него е голем чекор во кариерата, а за настапот во Евролигата напомена:

Многу сум среќен што сум овде, искрено. Ја следам Евролигата уште од својата седма година, ја знам нејзината историја, знам кој победи на Ф4, кој се протагонистите. Да се биде дел од нејзе секако за мене е остварување на сонот. Едвај чекам да започнам да играм и да покажам што можам да направам. Првите недели во Милано беа исклучителни. Полека ги запознавам луѓето, оние кои работат во клубот, моите соиграчи. Секако дека сум среќен, гледам многу добри момци, со кои ќе ми биде задоволство да го делам теренот и евентуално да имаме победничка сезона. Тренерот ми рече да бидам свој, и тоа ќе го направам“ рече покрај другото Димитријевиќ.

ПретходноЛН: Франција ја победи Белгија, Словенецот Шешко со хет – трик, Италија со втора победа
СледноКајри Ирвинг не може да заборави: Јас сум виновен!