Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по неуспешните Олимписки игри и поразот од Новак Ѓоковиќ во второто коло на УС Опен, успеа да освои трофеј оваа година. Сепак, трофејот не е од тенис туку од друг спорт. Додека одмара од тенисот, Надал играл голф турнир на Мајорка и го освоил.
Тој бил најдобар од 74. натпреварувачи на овој турнир, а на крајот завршил прв пред Гонзало Осејо Калва. Инаку ова не е прв освоен голф турнир. Кога се повреди на почетокот на сезоната тој играл голф турнир на Балеарските острови и завршил прв.
Надал се враќа на тенисот и ќе се појави на егзибицискиот Лејвер куп кој ќе се игра во Берлин од 20 до 22 септември. Се шпекулира дека тоа ќе му биде последно појавување како тенисер во кариерата.
Ако така одлучи тоа ќе биде на ист начин како Роџер Федерер кој последните тениски мечеви ги одигра токму на Лејвер купот.
Rafa’s won another trophy…in golf! #RafaelNadal 📹 gryfnafrela IG pic.twitter.com/zfFv1J8UNI
— Sandy (@nycsandygirl) September 8, 2024










