Последен пат избраниците на селекторот Благоја Милевски ја израдуваа нацијата лани во октомври и тоа во Струмица, кога во пријателски меч славевме со Ерменија од 3:1. Од тогаш па да вечерва не знаеме за победа, а вечерва играме во УЕФА Лигата на Нации токму со Ерменија.
Па, време е за радост. Како играме ќе бидеме пресреќни и со 1:0, не мора да биде 3:1.
Факт е дека во измината година и дефинитивно Македонија е во пад. Звучи неверојатно тоа што на седум мечеви во низа ние не знаеме што е победа. Некогаш Македонија ги “мачкаше“ Германија и Италија, некогаш овие момци беа национални херои, некогаш беа на само 50 минути до пласман на СП 2022, некогаш играа и на ЕУРО.
Тоа беше некогаш, а сега не можеме ни едни Ф. Острови да ги победиме.
По тој меч во Струмица, каде славевме со 3:1 над Ерменија, ние игравме против Италија (2:5), Англија (1:1), Молдавија (1:1), Црна Гора (0:1), Хрватска (0:3), Чешка (1:2), Ф.Острови (1:1). Седум меча, три ремија и четири порази.
Значи време е за радост. Ерменија нека го “плати цехот“ што се вели и време е за прекин на оваа непријатна низа.