Македонија VS Ерменија: Мора, ама баш мора да се победи!

751

Вечерва на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, во меч од 2.коло во УЕФА Лигата на Нации во сегментот – Ц, во групата – 4, нашата најдобра фудбалска репрезентација ја дочекува селекцита на Ерменија. По оние 1:1 во Торшавн јасно е дека вечерва имаме само една опција – а тоа е победа.

Значи мора, ама баш мора да се победи, се разбира ако сакаме и натаму да мислиме дека можеме да дојдеме до остварување на целта, до остварување на амбициите пред стартот на овој циклус на Лигата на Нации, а нели тие беа прво место во групата.

Јасно е дека ако сакаме победа против Ерменија која одигра навистина квалитетно и успеа да ја победи Летонија со 4:1, тогаш ќе мора оваа селекција на Македонија предводена од селекторот Благоја Милевски да биде далеку подобра од онаа Македонија во Торшавн.

Да биде поагресивна, да биде помотивирана, играчите да покажат емоција, да бидат на своето ниво. Дека има проблеми тука нема дилеми, тие се познати, тука нема ништо спорно. Дека овие играчи имаат квалитет и потенцијал и тоа не е спорно, но ќе мора сето тоа да се покаже на терен, пред домашната публика која е разочарана по последните настапи на на националите.

Милевски ќе мора да направи измени, тој тоа на пресот и го најави. Ќе мора на дел од играчите кои со Ф. Острови останаа на клупата, да им даде шанса, и тоа во стартниот состав, пред се тука мислиме на Кристијан Трапановски и Давид Бабунски кои во Шкотска играат во супер форма. Ќе мора некои од своите избраници конечно да ги седне на клупа.

Дали овие два – три дена во нашиот табор се успело да се поправи нешто на подобро останува да се види вечерва. Она што го видовме на Ф. Острови беше за секоја критика, не личеше на ништо, јавноста беше шокирана, некогашните репрезентативци критикуваа.

Еве можност вечерва нашите репрезентативци да покажат дека тоа било само лош ден, да најдат сили и да заиграат како некогаш, да ја совладаат Ерменија.

Во спротивно уште во септември, уште по првите две кола ќе ставиме крај на овој циклус на Лигата на Нации, а тоа ќе биде катастрофа.

2.КОЛО – ДЕНЕСКА

Ц-ЛИГА НА НАЦИИ, ГРУПА 4

Скопје: Македонија – Ерменија (20:45 Ч)

Рига: Летонија – Ф. Острови (18:00 Ч)

ТАБЕЛА

1.Ерменија 1 1 0 0 4:1 3

2.Македонија 1 0 1 0 1:1 1

3.Ф. Острови 1 0 1 0 1:1 1

4.Летонија 1 0 0 1 1:4 0

ПретходноКапитенот на Арсенал во болки и солзи го напушти теренот, го чека подолга пауза
СледноЕрменците не паѓаат во еуфорија: Ќе останеме скромни во нашите очекувања