ОФИЦИЈАЛНО: Коринтијанс го претстави Мемфис Депај

127

Бразилскиот Коринтијанс го потврди трансферот на холандскиот напаѓач Мемфис Депај. 30-годишниот фудбалер стави потпис на договор до 31 декември 2026 година. Неговиот последен клуб беше Атлетико Мадрид од каде си замина по истек на договорот, па како слободен фудбалер реши да се проба во бразилскиот фудбал.
Депај во кариерата играше за Барселона, Лион, Манчестер Јунајтед и ПСВ. Во сезоната 2023/24 тој се појави на 31 меч за Атлетико во сите натпреварувања и постигна 9 голови и придодаде 2 асистенции.

ПретходноСелекторот на Бразил: Запамтете ги моите зборови, ќе играме финале на СП 2026
СледноСтартни состави: Македонија во нападот со Миовски, Чурлинов, Елмас…