Репрезентацијата на Ерменија по победата над Летонија во првото коло од Лигата на нациите е поразена во Скопје од Македонија во второто коло. Ерменците одиграа многу слабо, ниту беа опасни во напад, ниту одбраната функционираше, па примија два гола.
Селекторот Олександар Петраков беше разочаран.
„Не знам што се случи. Можеби тимот беше изморен, можеби поради неконцентрација, можеби поради лошото време. Се обидов да им посочам на играчите како да играат, но вечерва не ги препознавав. Ова е срамен пораз. Ја преземам одговорноста. Нема да ги критикувам играчите со оглед на тоа дека ја победија Летонија. Тогаш кажав дека не треба да летнеме премногу, па сега не сакам да критикувам.
Ни останува само да продолжиме натаму и да се обидеме во продолжението од Лигата на Нации да освоиме што е можно повеќе бодови“, изјави ерменскиот селектор.