Поранешниот капитен на Монако, Висам Бен Једер, ќе мора да се појави на суд под обвинение за сексуален напад и возење под дејство на алкохол. Случајот против напаѓачот е закажан во судот во Ница за 15 октомври, пренесуваат француските медиуми.
Пријавата против Бен Једер дојде од 23-годишна жена, но не беа објавени дополнителни детали.
Фудбалерот бил уапсен од француската полиција, а при апсењето одбил да соработува со властите.