Чилеанскиот фудбалски ас, Алексис Санчез во јануари 2018 година од Арсенал премина во Манчестер Јунајтед во трансфер вреден 34 милиони евра. Со оглед на добрите настапи за Арсенал, Санчез беше големо зсилување за „Црвените ѓаволи“, но барем на хартија…
„Прво се договорив со Манчестер Сити, но поради некои проблеми кај нив прифатив да одам во Јунајтед. Тоа беше примамлив трансфер бидејќи како дете го засакав тој клуб. Немав никаква информација каква е ситуацијата на „Олд Трафорд“… Понекогаш постојат работи кои не ги разбираш додека не ги почувствуваш. Уште на првиот тренинг видов каква е ситуацијата и кога си дојдов дома побарав од агентот да го раскинеме договорот и вреднаш да ме врати во Арсенал. Сите ми се смееја, а јас им објаснував дека нешто не е како што треба. За жал, морав да останам“, изјави Санчез.
Чилеанецот на 45 меча за Јунајтед постигна пет голови, а во 2020 година отиде во Интер од Милано.