Хаосот продолжува: Де Јонг сега со сигурност е најголемиот „тумор“ на Барса

969

Френки де Јонг се уште е енигма и воедно најголем проблем за Барселона. Каталонски извори денеска потврдија дека неговото опоравување не оди според планот и дека се уште не се знае кога ќе се врати на терените.

Но, уште поголем проблем е што Холанѓанецот упорно ги одбива советите на клупските лекари. Сигурни извори од Холандија додаваат дека Де Јонг повеќе им верува на другите лекари кои ги посетувал во долгиот период на рехабилитација отколку на оние во Барселона и затоа не сака да оди на операција.

Барселона е сигурна дека има многу поголеми шанси повредата на скочниот зглоб на Де Јонг да стане хронична доколку не се оперира, а Холанѓанецот упорно одбива да го стори тоа.

Во овој момент никој не знае кога Де Јонг ќе биде подготвен за враќање, иако се шпекулираше дека треба да игра по оваа репрезентативна пауза, но тоа не се случи.

Де Јонг продолжува со својот тренинг режим, но сè уште не може да тренира со остатокот од тимот.

Кога на сето ова ќе се додаде дека Де Јонг со месеци ја одбива понудата на клубот да му го ревидира договорот, со што би му се намалиле приходите, бидејќи тој е убедливо најплатениот играч во тимот.

Де Јонг во неколку наврати потенцираше дека сака да остане до крајот на договорот, односно до 2026 година и дека дури тогаш не ја исклучува можноста да замине како слободен играч.

Навивачите на големо пишуваат дека Де Јонг е најголемиот рак на Барса и дека за таков играч нема место во тимот…

ПретходноПораз на Ѓорческа на Челинџерот во Љубљана
СледноИ втор меч на Ајакс е одложен поради полицијата, никој не може да гарантира за безбедноста