Капитенот Енис Барди е задоволен за голот и победата на Македонија. А тој вели дека за да се продолжи вака потребна е поддршка од навивачите.
„Добро се чувствувам. Ова е посебна победа. Имавме црвен картон, ни недостасуваа некои ситници, но фала му на Господ на крај победивме и тоа заслужено. Благодарност до навивачите кои дојдоа да не поддржат.
Оваа репрезентација е квалитетна но посебно има квалитетни луѓе што е многу важно. Против Фарски Острови имавме лош почеток, но тоа може да биде поттик за многу добри резултати натаму. Зборувавме многу и мислам дека добро одговоривме вечерва. Сите играчи си ја сфатија работата. Јас и моите соиграчи ги прифативме критиките. Со Ерменија бевме во добар ритам и ќе повторам, ќе ни треба поддршка за следните мечеви“, додаде Барди.