Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објави списокот за ЕХФ неделата која е дел од подготовките за Европското првенство кое за нешто повеќе од два месеци ќе се одржи во Швајцарија, Австрија и Унгарија.
Нашите ракометарки ќе одиграат две пријателски средби со Австрија, на гостински терен во Брегенц на 28.09 и на 29.09, а Грчевски повика 21 ракометарка (15 од нив се интернационалки). Собирот е закажан за 23. септември во салата Автокоманда.
На ЕП Македонија ќе игра во група со Унгарија, Шведска и Турција, мечевите ќе се играат во Дебрецин.