Уф, каков настап, каков гол за паметење, каква игра! Тоа е Енис Барди, нашиот БАРДИМИНАТОР, човекот кој ја “отвори“ Ерменија, за да ја “затвори“ Бојан Миовски исто така со убав гол за 2:0 за Македонија.
И кога се има таков капитен, тогаш се е полесно. Онаа велемајсторија ќе се памети, тоа ретко се гледа на фудбалските терени, такви голови постигнуваат само играчи од највисок калибар.
А кај нас тоа секако дека е Барди.
Браво, браво капитену.
Добра Македонија која ете, и покрај тоа што игравме со 10 играчи цело второ полувреме, дека покажа дека знае, дека вреди и дека кога се бори максимално се си доаѓа на свое место.
Ете, таква Македонинија сакаме.
Се разбира честитки за сите наши момци, но пред се за нашиот капитен.
И кога ќе се постигне таков гол тогаш со право твоите репрезентативни колеги ти ги “чистат копачките“.