Капитенот на норвешката репрезентацијата и еден од најдобрите играчи на Арсенал, Мартин Одегард заработи тешка повреда на натпреварот со Австрија (2:1) во Лигата на нации.
Во 64. минута на натпреварот во Осло при резултат 1:1, по дуелот со гостинскиот играч Криштоф Баумгарнер, Одегард падна на земја и се фати за глава.
Со оглед на болките кои ги имаше, јасно е дека се работи за потешка повреда, по што мораше да го напушти теренот со помош на лекарскиот тим.
По натпреварот лекарот на репрезентацијата изјави дека фудбалерот го исчашил зглобот на левата нога, но дека се ќе се знае по деталните прегледи и ултразвук. Ако не се скинати лигаментите, би требало да се врати на терените за околу еден месец.