Лејкерси ослабени на стартот на сезоната!

210

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Кристијан Вуд успешно го оперира левото колено, соопшти американскиот клуб.

Американските медиуми пренесуваат дека Вуд ќе ги пропушти претсезонските натпревари, како и почетокот на новата сезона во НБА. Тој треба да се врати на теренот на почетокот на ноември.

Тој минатата сезона поради повреда на левото колено одигра 50 натпревари за ЛА Лејкерс во НБА лигата и имаше просек од 6,9 поени и 5,1 скока по натпревар.

Вуд (28) потпиша двегодишен договор со клубот од Лос Анџелес во септември 2023 година. Претходно играше за Далас, Хјустон, Детроит, Њу Орлеанс, Милвоки, Шарлот и Филаделфија.

ПретходноЛетонија победнички против Фарските Острови (видео)
СледноФановите порачаа: Милевски оди си!