ЛН: Најефикасните на мегдан – Холандија ја пречекува Германија

68

Денеска завршува второто коло од групната фаза на Лигата на нации. Во последниот ден ќе се одиграат вкупно девет натпревари. Најатрактивните се секако во А-сегментот и тоа во рамките на групата каде ќе видиме дуел на два фаворити и за највисок пласман, селекциите на Холандија и Германија.

Двата тима започнаа со импресивни победи, со многу постигнати голови на двата натпревари. „Лалињата“ ја совладаа Босна и Херцеговина со 5:2, а Бундестимот ја совлада Унгарија со 5:0.

Двајцата селектори се обидуваат да наметнат некои нови играчи во националниот тим и тоа засега изгледа одлично. Во германскиот тим промените беа императив откако од националниот тим се повлекоа Тони Крос, Илкај Гундоган, Мануел Нојер и Томас Милер. Холандија исто така остана без неколку ветерани, па Куман мораше да ангажира дел од подмладокот, кој вечерва треба да го покаже својот вистински потенцијал.

Во Лигата Б-сегментот, селекцијата на Англија е домаќин на Финска. „Трите лава“ почнаа одлично под новиот в.д. селектор Ли Карсли, откако во едно полувреме славеа на гостувањето кај Р. Ирска. Денеска мечот со Финска ќе биде во знакот на Хари Кејн кој треба да го одигра својот 100-ти натпревар за националниот тим.

Другиот натпревар од групата 2 е оној меѓу Р. Ирска и Грција. Инаку, во Лига Б има уште два натпревари – Чешка – Украина и Албанија – Грузија.

ПретходноГостивар ќе го пречека Вардар на стадионот во Штип
СледноСрбија во шок: Светислав Пешиќ повеќе не е селектор!