Напаѓачот на француската репрезентација и на Реал Мадрид, Килијан Мбапе во изјава за новинарите зборуваше и за тоа како влијаат критиките кон него и неговите настапи.
„Јас сум во момент од мојот живот и кариера кога веќе не обрнувам внимание на тоа. Доаѓам, играм и правам се за да му помогнам на тимот. Што мислат луѓето ми е најмалата грижа“, рече Мбапе.
Претходно францускиот новинар Даниел Риоло остро го критикуваше напаѓачот. Според експертот, Мбапе ги презира луѓето околу него и навивачите на француската репрезентација, покажувајќи ја својата рамнодушност кон нивните мислења.