Милевски: Честитки за момците, секогаш кога се под притисок биле на висина на задачата

267

По ремито со Фарските Острови и седумте меча без победа, конечно, македонската репрезентација запиша триумф. Победа над Ерменија со 2:0 по која селекторот Благоја Милевски беше расположен.
Им честитам на момците затоа што покажаа дека со право се тука. Јас кажав и претходно, еве и сега, ги знам овие момци како карактери, секогаш кога се под притисок и кога морале, секогаш биле на висината на задачата. Имавме хендикеп со црвениот картон, но бевме решени да го добиеме натпреварот.
Вечерва го имавме моментот на агресивност и на решителност. Момците дадоа повеќе од тоа што можат во овој момент. Сите до еден заслужуваат честитки. Натпреварувачката форма не ми е ниту малку важна, ако сите играат вака и се тука за Македонија без оглед на ситуацијата во клубовите“, изјави Милевски.

За шансите за првото место во групата?

Кажав и на почетокот на оваа Лига на нации, пред мечот со Фарски Острови и сега ќе кажам дека нè очекуваат шест подеднакво важни дуели. Нè очекуваат уште четири меча. Значи имаме долг пат, но се надевам дека во ноември ќе завршиме на првото место“, додаде селекторот.

ПретходноСанчез жестоко по Манчестер Јунајтед: По првиот тренинг побарав да си одам
СледноЕнис ФАНТАСТИКО: Македонија го слави својот капитен! (ФОТО)