Пешиќ го потврди заминувањето и објасни зошто нема да биде селектор на Србија

703

Еден од најтрофејните европски тренери на сите времиња, Светислав Пешиќ (75) повеќе не е селектор на Србија. Српски Спорт Клуб прв ја објави оваа вест како неофицијална, а подоцна ја пренесоа и сите други српски медиуми.

На Пешиќ му истече договорот, а по освоеното светско сребро минатата година и олимписка бронза пред еден месец во Париз, се очекуваше да продолжи да ги води српските кошаркари. Сепак, тоа нема да се случи.

„Претседателот на КСС, Предраг Даниловиќ поднесе оставка. Како што разбрав, тоа го направи за да им овозможи на нови луѓе во Федерацијата да формираат нов стручен штаб и цели на почетокот на новиот олимписки циклус. Што се однесува до мене, Пред Париз кажав дека некој друг треба да го продолжи тоа што го започнав, бидејќи гледам дека не ме слушнаа добро, сега им велам дека одговорните кои ќе ја водат федерацијата во иднина, мора да најдат нов тренер Секако, секогаш бидам на располагање на српската кошарка, но ќе се осврнам на некои други цели и проекти за кои немав време бидејќи 24 часа бев на услуга на српската репрезентација“, изјави Пешиќ за „Политика“.

ПретходноМакедонија – Ерменија историјат: Нека биде како во Струмица минатиот октомври!
СледноСилекс го освежи средниот ред со играч од Работнички