Пораз на Ѓорческа на Челинџерот во Љубљана

55

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е поразена во првата рунда на ВТА 125 Челинџер турнирот во Љубљана. Таа во првото коло за ривалка ја имаше осмата носителка Полина Кудерметова од Русија.

21-годишната руска тенисерка Кудерметова, која се наоѓа на 164-то место на ВТА листата го доби мечот со 2-0 во сетови (6-1, 6-2) за еден час игра. За настап во првото коло на турнири од оваа категорија се добива еден поен.

Инаку, Ѓорческа ќе продолжи со настапите на турнирот бидејќи во конкуренција на двојки е пријавена да игра со Џил Тајхман од Швајцарија. Тие во првото коло ќе играат против третите носителки сестрите Надја и Марина Колб од Украина.

Следната недела македонската тенисерка е пријавена за настап на турнир во Пазарџик, Бугарија.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА навива за Македонија
СледноХаосот продолжува: Де Јонг сега со сигурност е најголемиот „тумор“ на Барса