Брера го ангажираше 31 годишниот Коста Манев, одбрамбен фудбалер кој своевремено беше дел од екипата од Струмица. Тој веќе се приклучи на нашиот сениорски тим, откако во последната првенствена сезона настапуваше за Македонија ЃП.
Манев важи за доста искусен фудбалер и столб во одбрамбената линија на секој тим, каде настапувал. Седум сезони играше во финскиот фудбалски шампионат а има настапувано и за Вардар, Вележ од Мостар и Ал Кхалдија од Бахреин
Последната сезона Манев за Македонија ЃП одигра 26 првенствени меча.