Радивојевиќ: Не одиме во Париз да изгубиме, туку да се бориме!

204

Богдан Радивојевиќ, левото крило на Пелистер пред утрешниот дуел против ПСЖ на гостински терен во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони најави дека неговиот тим оди да се бори до крај против фаворитот.

14-те порази од минатата сезона оддекнуваат во мислите на ракометарите на актуелниот првак, иако имаа неколку добри партии тогаш не освоија ниту еден бод. Сега сите се надеваат дека таквите игри доколку ги имаат, а веруваат дека ќе ги имаат ќе бидат наградени.

„Не одиме во Париз да изгубиме, туку да се бориме. Минатата сезона доста добро игравме на некои натпревари, но на крајот не успеавме да освоиме бодови. Се надевам дека сега ќе бидеме наградени и дека бодовите ќе дојдат“, изјави Радивојевиќ.

 

Претходно„Финалисима“ меѓу Шпанија и Аргентина ќе се игра во март 2026
СледноИлиоски во врска со инцидентот: Обвинет сум за нешто што не сум го направил