Силекс го освежи средниот ред со играч од Работнички

219

Екипата на Силекс ја искористи репрезентативната пауза пред продолжение на сезоната за освежување на ростерот и го засили средниот ред.

Нов член на тимот од Кратово е 24-годишниот Томче Гроздановски, кој доаѓа од тимот на Работнички.

Покрај Работнички има настапувано за Металург, Вион, Кожуф и Дугопоље. Гроздановски е поранешен младински репрезентативец и има еден настап во сениорски дрес на А репрезентацијата на Македонија.

ПретходноПешиќ го потврди заминувањето и објасни зошто нема да биде селектор на Србија
СледноПрвиот тенисер во светот ослободен од сите обвиненија за користење на допинг