Србија во шок: Светислав Пешиќ повеќе не е селектор!

358

„Спортклуб“ ексклузивно пренесува дека Светислав Пешиќ повеќе не е селектор на српската репрезентација.

Ништо не навестуваше разделба на легендарниот стручњак со репрезентацијата, а Пешиќ ова лето на Србија и донесе бронзен медал на Олимписките игри во Париз.

Претходно до светското сребро во Манила стигнаа и „орлите“ со него на кормилото.

Причините за ваквиот исход сè уште не се познати.

Неговиот договор истече, па во моментов тој технички не е на таа позиција, но постоеше надеж во Србија дека ќе се разговара за продолжување на соработката по изборот на новиот претседател на Кошаркарската федерација на Србија.

ПретходноЛН: Најефикасните на мегдан – Холандија ја пречекува Германија
СледноМаслинко и официјално дел од „сино-белото“ семејство