Супер Барди, “тресеше“ и Миовски, Македонија слави!

517

Со прекрасниот, со фантастичниот гол на Енис Барди, но и со голот на Бојан Миовски, Македонија вечерва во меч од Лигата на Нации успеа да ја победи Ерменија со 2:0. Барди е спасителот, Барди е херојот на овој меч ако се знае дека игравме цело второ полувреме со играч помалку.

Секоја чест за капитенот.

Голема победа, сега сме први на табелата и тоа пред Ерменија. Сега полесно се дише.

Конечно, Македонија им се врати на победите, дури во осмиот меч во низа се радуваме.

Македонија беше подобра, Македонија добра, Македонија заслужено победи.

Уште на стартот пех, Чурлинов се повреди, па селекторот Милевски мораше во игра да го внесе Ќамили. Македонија никако не успеваше да најде игра, и тоа траеше неколку минути, веројатно сеуште беа во шок по повредата на Чурлинов.

Но како што одминуваше времето, нашите момци ја преземаа играта. Се редеа удари на Давид Бабунски и Барди, сепак зицерот, најголемата шанса во првиот дел ја имаше Елмас кога по една добра комбинација се најде сам пред Чанчаревиќ, но ерменскиот голман во последен момент спасува, штета.

Ерменија се бранеше, се обидуваше од контри, но ништо од тоа.

Капитенот Барди во финишот на првиот дел од лево опасно шутираше, како само тој знае, малку недостигаше да постигне спектакуалерн гол.

И во последниите секунди од првиот дел, навистина смешна одлука на германскиот судија Осмерс да му додели втор жолт или црвен картон на Зајков, па со тоа Македонија остана со играч помалку. Сите се чудеа ако се знае дека Ќамили стартуваше, но Зајков најверојатно добил црвен поради приговор или ако имало претходно фаул од него.

Па така со тие 0:0, но и со играч помалку се замина на пауза.

Се очекуваше дека Ерменија ќе нападне, ако се знае дека имаше играч повеќе, тоа и се случи, гостите се отворија, но далеку беше тоа од некоја иницијатива и агресија. Игра без ризик, од друга страна Македонија во првите 15 минути од второто полувреме се бараше себеси, за да потоа Милевски во игра ги внесе Атанасов и Костадинов. Интересно, еден од тие што излегоа од игра беше Ќамили кој влезе во 4.минута место Чурлинов.

И тогаш контра на Македонија, во завршницата Елмас го проигра Миовски, овој шутираше но тој удар беше блокиран, за малку тоа ќе беше водство. Уште еднаш штета.

ГОООООЛ…БАРДИ Е ВЕЛЕМАЈСТОР, МИОВСКИ ЗА 2:0

Македонија поведе, и тоа со фантастичниот гол на Енис Барди од слободен удар, еден од најубавите во неговата кариера. Браво Енис, Македонија води со 1:0.

Уф, каков шут, каков гол…браво, браво, браво…

И тоа не е се. Миовски за 2:0 со својот четврти гол за репрезентацијата го удвојува водството на Македонија.

Браво момци.

УЕФА Лига на Нации – Ц, група – 4, 2.коло

МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 2:0 (0:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Херман Осмерс (Германија). Стрелци: Барди 70., Миовски 80. (МАК). Ж. Картони: Елмас, Зајков, Миовски (МАК), Тикнизјан (ЕРМ).

Ц. Картон: Зајков 45+3. (МАК)

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ашковски (83. Манев), Муслиу, Зајков, Димоски, Дав. Бабунски (46. Серафимов), Алими (59. Атанасов), Барди, Елмас, Миовски, Чурлинов (4. Ќамили, 59. Костадинов).

Селектор: Благоја Милевски.

ЕРМЕНИЈА: Чанчаревиќ, Харутунјан, Харојан, Калисир, Тикнизјан (66. Григорјан), Спертсјан, Иву, Хофханисјан, Севикјан (66. Бичакчјан), Ранос (46, Серобјан), Зеларјан.

Селектор: Олександр Петраков.

ПретходноГол на Миовски – Македонија го удвои водството против Ерменија! (видео)
СледноЛН: Холандија – Германија 2:2, рутина на Англија…