Тренерот на Башкими и двајца фудбалери имале собраќајна несреќа на влезот во Куманово

360

Тренерот на Башкими, Баже Јанакиевски и фудбаелрите Мемет Ризахамза и Борјан Пановски имале тешка сообраќајка несреќа на влезот на Куманово. Автомобилот во кој биле излетал од патот, но и покрај тоа што на фотографиите може да се види дека истиот е превртен на голема среќа минале без тешки повреди.

„На пат кон редовниот тренинг, тренерот на првиот тим Баже Јанакиевски, како и нашите фудбалери Мемет Ризахамза и Боријан Пановски на влезот во Куманово имаа сообраќајна несреќа, која за нивна среќа поминаа без тешки повреди. Нешто посериозни повреди има тренерот Јанакиевски“, стои во соопштението.

ПретходноАнгеловски пред ПСЖ: Наша задача е да се претставиме во најдобро светло!
СледноМакедонија – Ерменија историјат: Нека биде како во Струмица минатиот октомври!