„Финалисима“ меѓу Шпанија и Аргентина ќе се игра во март 2026

80

Големата битка меѓу победникот на Европското првенство во 2024 година, репрезентацијата на Шпанија и победникот на Копа Америка од 2024 година, Аргентина ќе се одигра во март 2026 година. Ова го објави новинарот Гастон Едул.

Според изворот, во календарот за 2025 година нема место за одржување на оваа средба.

Ова треба да биде 4-то издание на популарната „Финалисима“ во историјата. Последниот победник е селекцијата на Аргентина, која против Италија како европски првак од 2021 година, славеше со 3:0 со головите на Лаутаро Мартинез, Анхел Ди Марија и Пауло Дибала.

ПретходноВреме е за радост: Македонија седум натпревари во низа е без победа!
СледноРадивојевиќ: Не одиме во Париз да изгубиме, туку да се бориме!